Полјаците не сакаат да играат со Русија во баражот за СП во Катар

Фудбалска репрезентација на Полска/ фото: EPA-EFE/Radek Pietruszka

Претседателот на Фудбалската федерација на Полска, Цезар Кулеша на својот профил на Твитер напиша дека полските репрезентативци немаат намера да играат против Русија во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар кое ќе се одржи во ноември и декеври годинава.

– Време е од зборови да преминеме на дела. Поради руската воена агресија на Украина, фудбалската репрезентација на Полска нема намера да игра во бараж натпреварот за СП против Русија. Тое е единствената исправна одлука. Разговараме со селекциите на Шведска и на Чешка за пред ФИФА да излеземе со заеднички став – напиша Кулеша.


Првиот човек на полскиот фудбал веднаш доби поддршка од најголемата ѕвезда и најдобар полски играч, Роберт Левандовски.

– Ова е исправна одлука. Не можам да замислам да играм натпревар против селекцијата на Русија во ситуација кога таа земја врши инвазија на Украина. Руските фудбалери и навивачи не се одговорни за тоа што се случува, но не можеме да мислиме дека се е во ред – порача Левандовски.


Полската фудбалска федерација побара од ФИФА јавно да го каже својот став по руската воена инвазија на Украина, а откако изостана одговор, те самите одлучија дека нема да играат дури и по цена да бидат елиминирани од баражот.

Селекцијата на Полска во полуфиналето од баражот за пласман на СП во Катар, на 24 март треба да игра во Москва против Русија, а победникот од овој натревар во финалето би играл со подобриот од дуелот помеѓу Шведска и Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот