Полицајци нападнати и повредени во ромската населба кај Злокуќани

Полиција - пункт / фото: EPA/EFE. Georgi Licovski

Вчера попладне, поголем број лица нападнале полицицајци во ромската населба кај Злокуќани, кога полицајците дошле да постапат откако 53-годишен човек пријавил дека бил физички нападнат, соопшти полицијата.

Двајца полицајци се повредени, а три службени возила се оштетени во инцидентот.

„На 22.09.2021 околу 17.15 часот на ул.„Скупи” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош биле попречувани од повеќе лица при извршување службени дејствија по претходна пријава од М.М.(53) од Скопје дека дел од овие лица физички го нападнале. Тие фрлале со тврди предмети кон полициските службеници, при што повредиле двајца од нив, а оштетиле и три службени возила. Во врска со настанот биле приведени три лица, а се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот