Тепачка / илустрација /

Полицаец цела година сексуално злоставувал 16-годишно момче

Полицаец цела година силувал и сексуално злоставувал малолетно момче од Велес, кое сега го пријавило случајот, а полицаецот завчера бил приведен. Одделот за внатрешна контрола до Обвинителството поднел кривична пријава против полицаецот за кривично дело „Полов напад и силување“.

Според пријавата, полицаецот В.К. во периодот од 2024 до 2025 години во повеќе наврати го навел оштетениот, роден во 2008 година) да извршува полово дејствие врз себеси.

– Однесувањето на пријавениот кај оштетениот во целиот временски период предизвикало чувство на вознемиреност, срам и страв дека доколку се дознае тоа што се случувало ќе има негативно влијание за него. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални истраги, против полицискиот извештај службеник В.К. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за одземање на службеното оружје, упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед и отстранување од работното место- суспензија – велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот