Пол позиција за Ферстапен, „Ред Бул“ прв и последен во квалификациите во Австралија

фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Австралија во Формула 1 шампионатот.

Двократниот актуелен шампион беше најбрз во квалификациите во Мелбурн на патеката „Алберт парк“ со време од 1:16.732 мин.

Веднаш зад Холанѓанецот се двајцата возачи на „Мерцедес“, второпласираниот Џорџ Расел и Луис Хамилтон на третата позиција.

Од четвртото место ќе стартува Фернандо Алонсо („Астон Мартин“), додека петти е членот на „Ферари“, Карлос Саинц.

Вториот возач на „Ред Бул“, Серхио Перез доживеа голем пех кој во првиот круг од првата квалификациска сесија излета од патеката и повеќе не се врати, па утрешната трка ќе ја започне од последното место.

Трката за ГН Авсреалија е в недела со почеток од 07.00 часот по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот