Погребан Масимо Савиќ: Семејството ја исполни неговата последна желба, да биде кремиран

Instagram
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Регионот го потресе веста за смртта на познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ. Како што напишаа неговата ќерка и сопруга на социјалните мрежи, легендарниот музичар боледувал од рак на белите дробови, а неговата борба со болеста била кратка.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Масимо е погребан денеска во 11 часот на градските гробишта Задар. Семејството ја исполни неговата последна желба, да биде кремиран. Мирна и Ени Савиќ, ќерката и сопругата, како и членовите на семејството и пријателите, го придружуваа извонредниот уметник до неговиот вечен дом, а пристигнаа и бројни букети цвеќе и венци со проштални пораки.

Фото: Инстаграм/Масимо Савиќ

Меѓу првите што пристигнаа на гробиштата беа Рада Бориќ и Марина Томашевиќ, а потоа Џулијано, Џибони и семејството Хуљиќ.

Сите тие се запишаа во книгата на жалост.

Масимо Савиќ / Фото: Инстаграм/Масимо Савиќ

Да потсетиме, Масимо почина на 23 декември, а веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објавија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.

„По кратка, но херојска борба не напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, засекогаш ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Секогаш ќе бидеме твои девојки. Ани и Мирна“, напишаа во објавата.

ВИДЕО | Музика и солзи: Комеморација за Масимо Савиќ во Загреб

ВИДЕО | „Искрено ме засака“: Вака Масимо Савиќ зборуваше за својата Ени, жената со која се сакаа три децении

АУДИО | Објавена последната порака на Масимо Савиќ со која сакал да ни го честита Божиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот