АУДИО | Објавена последната порака на Масимо Савиќ со која сакал да ни го честита Божиќ

Масимо Савиќ / Фото: Инстаграм/Масимо Савиќ

На официјалниот инстаграм-профил на хрватскиот пејач Масимо Савиќ, кој неодамна почина на 61-годишна возраст, е објавена трогателна порака која музичарот ја снимил три дена пред смртта.

„’Уживајте во секој момент кој ви го носи овој прекрасен живот и делете добрина и разбирање со сите!’

Овие мисли се дел од последната порака којашто Макс ја сними за неговата публика, три дена пред неговото заминување. Со неа сакаше да го честита Божиќ и на сите да им упати наубави желби за Новата година.

Твоите мисли, твоите зборови и твојот Глас. Драг наш Макс, сѐ твое неизмерно ни недостасува“, се вели во објавата.

Емисијата во која што се слуша оваа порака е објавена на официјалната фејсбук-страница на хрватската музичка легенда.

„Драги луѓе, немавме сила да ја преслушаме, ниту да ја споделиме оваа емисија во која се наоѓа божиќна честитка со која нашиот Масимо за последен пат ѝ се обрати на својата публика.

Немаме сила ни сега, но го правиме тоа што знаеме дека тој би го посакал

Дел од таа порака тој би го издвоил и како новогодишна желба за сите Вас и за Вашите најдраги“, стои во објавата на Фејсбук.

ВИДЕО | Музика и солзи: Комеморација за Масимо Савиќ во Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот