Погледнете колку пари им понудиле на Брена и Боба за нивната вила на Флорида!

Фото: Инстаграм

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ пред 10 дена заминаа на Флорида, а како што пишува Стар, тие се таму за да видат што ќе прават со нивната куќа бидејќи се зголемиле трошоците, а во неа не живее никој.

Наводно тие добиле понуда да ја продадат својата вила за 2 милиони долари, а пак сега размислуваат дали да ја прифатат понудата.

Во таа куќа живееа Стефан и Филип додека студираа, а Брена и Боба ги постуваа двапати годишно. Таа куќа сега е празна, а месечните трошоци изнесуваат околу 2 500 долари. Куќата се наоѓа во елитен кварт во Мајами, на брегот на Океанот, има околу 400 квадрати, три спални соби и две гостински соби. Освен тоа има една голема просторија која Филип и Стефан ја направија теретана, а во дворот имаат и базен. Целото семејство емотивно е поврзано со таа куќа бидејќи поминаа многу убави моменти, но годишните трошоци за одржување изнесуваат околу 30 000 долари. Ни нивните синови не планираат да одат таму, иако Стефан размислуваше да оди во Америка откако се повлече од естрадата, но се предомисли, вели извор близок на Живојиновиќ и додава:

– На нив неодамна им понудија 2 милиони долари за тоа куќа и затоа Брена и Боба заминаа во Мајами, за да се сретнат со агентите за недвижности. Ни во Америка не цветаат рози, па свесни се доколку ја пропуштат таа прилика нема да има друга шанса. Брена сака веднаш да ја продадат куќата, а Боба не е сигурен. Постои можност да ја издаваат, но многу е голема и прашање е дали ќе најдат станари. Додека не завршат нема да се вратат од Мајами, тврди изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот