Погледнете каква куќа купувааат Џенифер Лопез и Алекс Родригез (ФОТО)

инстаграм

Џеј Ло е една од ѕвездите која се одлучи да ја замени својата вила со нова, па така со својот вереник Алекс Родригез започнаа да разгледуваат најразлични понуди.

Тие двајца сега беа „уловени“ од папараците како разгледуваат вила од 332 квадратни метри на самата плажа на Малибу. За цената сигурни сме дека чини цело богатство, но реално, тие можат да си го дозволат тоа.

Пејачката за разгледувањето на вили облече тесни црни хеланки и црн топ и така уште еднаш ја покажа својата добро позната одлична фигура на која и завидува речиси секоја жена. Тоа се резултатите од секојдневното тренирање, па така таа на свои 50 години изгледа како да има за половина помалку.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот