Почина тапанарот Тејлор Хокинс од бендот Foo Fighters

Тејлор Хокингс/ЕПА ЕФЕ
EPA-EFE/TIMM SCHAMBERGER

Тапанарот на Foo Fighters, Тејлор Хокинс, почина на 50 години, потврди американската рок-група на својот сајт.

Хокинс починал пред концертот во главниот град на Колумбија, Богота, додека групата се наоѓаше на турнеја низ Јужна Америка. Причината за смртта не е објавена, а колумбиските власти исто така ништо не коментираа.

Многу од фановите со неверување го оплакуваа музичарот на улиците на Богота, палејќи свеќи и оставајќи цвеќиња.

Тејлор Хокинс/ЕПА ЕФЕ
EPA-EFE/Mauricio Duenas Castaneda

Хокинс свиреше со Foo Fighters повеќе од две децении, откако ѝ се придружи на групата по излегувањето на вториот албум „The Colour and the Shape“ во 1997 година. Претходно беше член на придружната група на Аланис Морисет.

„Неговиот дух и заразна насмевка засекогаш ќе живеат со нас. Ова се незамисливо тешки времиња за нас и семејството на Хокинс“, објавија од групата.

По Дејв Грол, кој го формираше бендот по распадот на Nirvana, Хокинс беше најпрепознатливиот член на Foo Fighters и еден од омилените ликови во рок заедницата и бројни музичари со шок и неверување реагираа на трагичната вест. Неговиот последен настап беше на фестивал во Аргентина во неделата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот