Почина Мет Кларк, актерот кој беше дел од култната филмска трилогија „Враќање во иднината“
Актерот Мет Кларк, познат по улогата во филмот „Враќање во иднината 3“, почина на 89-годишна возраст. Според „ТМЗ“ Кларк починал во својот дом во Остин, Тексас, по компликации предизвикани од операција на ’рбетот.
Препорачано
Неговото семејство истакна дека бил „актер меѓу актерите“ кој не се стремел кон славни улоги, туку повеќе го ценел работењето со добри луѓе. Додале дека „замина онака како што живееше, по свои правила“.
Кларк ќе биде запаметен по улогата на Честер, шанкерот, во третиот дел од серијалот „Враќање во иднината“, во кој глумат Мајкл Џ. Фокс и Кристофер Лојд. Неговата последна поголема филмска улога беше во филмот „Милион начини да се умре на Запад“ (2014).
Зад себе ја остави сопругата Шерон Мејс, со која се ожени во 2000 година, како и петте деца. Неговата снаа е исто така актерка, Кимберли Бектофер Лојд.
Во долгогодишната кариера, Кларк оствари бројни улоги, најчесто во вестерн филмови. Кариерата ја започна во 60-тите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
56мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


