Почина кантри ѕвездата Наоми Џад
Американската кантри пејачка, Наоми Џад, членка на „The Judds“, почина на 77-годишна возраст.
Веста за смртта на пејачката, добитничка на Греми награда, ја потврдија нејзините ќерки Винона и Ешли Џад за „Associated Press“.
„Денес доживеавме трагедија. Ја загубивме нашата убава мајка по долгогодишната битка со ментална болест. Скршени сме. Знаеме дека, како што ја сакавме, ја сакаше и нејзината публика. Се наоѓаме на непозната територија“, се вели во соопштението.
View this post on Instagram
Наоми беше американска кантри пејачка и актерка, а во неделата беше примена во „Country Music Hall of Fame“ како членка на „The Judds“ со нејзината ќерка Винона.
„Наоми совлада бројни проблеми на патот кон значајното место во историјата на музиката. Нејзината животна приказна ги засени денешните трагични вести. Нејзиното семејство не замоли да продолжиме со официјалното воведување на „The Judds“ во „Hall of Fame“. Ќе го направиме тоа со тешко срце. Музиката на Наоми и ќерката Винона ќе издржи“, изјави извршниот директор на „Country Music Hall of Fame“, Кајл Јунг.
View this post on Instagram