Почина Биби Андерсон: Беше една од најдрагите актерки на Бергман

Шведската глумица Биби Андерсон, една од најомилените глумици на Ингмар Бергман, почина на 83 годишна возраст, објави нејзината ќерка Џени Гред Далстарнд.

Андерсон глумеше во бројни класици на шведскиот филмски великан, меѓу кои во „Седмиот печат“ од 1957 година, „Диви јагоди“ од истата година, како и „Персона“ од 1966 година.

Како петнаесетгодишна започна да работи со Бергман кога ги снимаа рекламните спорови за сапуните „брис“.

Биби Андерсон е добитник и на бројни награди, меѓу кои и „Сребрена мечка“ за најдобра актерка на Берлинскиот филмски фестивал во 1963 година.

Глумеше се до 2009 година кога мозочен удар парализираше дел од нејзиното тело.

Медиумите и самиот Бергман често зборуваа за актерите од неговите филмови како за „негови актери”, додека Биби Андерсон кажа дека „таа си припаѓа единствено себеси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот