Побрз и од Болт, Најтон стана четвртиот најбрз човек на 200 метри

Еријон Најтон е голема надеж на американската атлетика/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Американскиот атлетичар Еријон Најтон стана четвртиот најбрз човек во светот на 200 метри, откако таа делница ја истрча за 19,49 секунди на митингот во Батон Руж во саботата.

Најтон, кој беше четврти на 200 метри на Олимпијадата во Токио, вчера го подобри својот јуниорски светски рекорд (19,84) што го постави во јуни 2021 година во квалификациите во САД.

Исто така, неговото време е само три десетинки побавно од светскиот рекорд на Јамајканецот Усеин Болт (19,19) од 2009 година.

Само Болт, неговиот сонародник Јохан Блејк (19.26) и американската легенда Мајкл Џонсон (19,32) се побрзи од Најтон на 200 м.

Најтон стана сензација во 2021 година, кога на само 17 години се пласираше на Олимпијадата во Токио. Сега е 200 метри побрз од легендите на американската атлетика Карл Луис (19,75) и Томи Смит (19,83). За споредба, најдоброто време на Усеин Болт на 200 метри, кога имаше помалку од 20 години, беше 19,93.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот