По забавата со 200.000 луѓе на „Егзит“, собрани 40 тони ѓубре
На Петроварадинската тврдина во Нови Сад минатиот викенд татнеше маса туристи од целиот свет, кои оваа година го посетија фестивалот „Егзит“.
Препорачано
Организаторите на настанот зборуваат за 200.000 луѓе кои ги нарекуваат „најсветлите ѕвезди“ обединети на тврдината во пораки за љубов и слобода. Нивната енергија за време на четирите фестивалски вечери „несомнено го допрела секој поединец – и посетителите и најголемите музики ѕвезди“.
Поради огромниот број фестивалски туристи, Петроварадин и тврдината секое утро се чистат од ѓубре и отпад од различен вид. На оваа локација во последните три дена од фестивалот биле собрани повеќе од 40 тони ѓубре и разновиден отпад, изјавила за „Политика.рс“, Даниела Јанков, портпарол на ЈКП „Чистоќа“. Според неа, за ова биле ангажирани 70 работници, механизација и камиони.
„Секое утро околу шест часот отстранувавме различен отпад од областа на тврдината, главно пластични шишиња, чаши и лименки. Тоа се праќа на понатамошен третман, а потоа на рециклирање“, наведува таа.

Наспроти големиот број луѓе кои поминале низ Петроварадинскиот и фестивалскиот простор, односот на посетителите кон околината бил добар, бидејќи, како што забележува Јанков, сите контејнери за отпад што биле поставени покрај патеката на гостите биле исполнети.
Брзата помош која имала дежурни екипи на тврдината евидентирала 212 интервенции, изјавила портпаролката Николина Мариќ. Според неа, од тој број 12 лица биле згрижени во Ургентниот центар. Поголемиот дел од посетителите се жалеле на исчашувања, некои исеченици и слично, а „ништо посериозно“ не се случило ниту на последната фестивалска вечер.
Исклучок е белгиски државјанин кој паднал од еден од бедемите на тврдината и во свесна состојба бил сместен во Клиничкиот центар во Војводина. Наводно, тоа се случило во утринските часови, околу 08:40 часот, по „афтер-журката“.


