По улогата во „Аватар“: Зои Салдања е најисплатливата актерка на сите времиња – нејзините филмови заработиле 15 милијарди долари
Зои Салдања е прогласена за најисплатливата актерка на сите времиња, најмногу благодарение на улогата во филмот „Avatar: Fire and Ash“. Со вкупна заработка од над 15 милијарди долари од филмовите во кои се појавила, Салдања постигна историски успех, пренесува „Гардијан“.
Препорачано
Таа стигна до овој статус благодарејќи на улогите во трите продолженија на „Аватар“, франшизата со најголема заработка во историјата на филмот.
Воедно, таа е првата актерка што се појавила во четири филма кои заработиле повеќе од две милијарди долари, меѓу кои е и „Avengers: Infinity War“.

Покрај „Аватар“, Салдања имаше улоги и во трите филма од серијалот „Guardians of the Galaxy“, како и во улогата на Ниота Ухура во трилогијата „Star Trek“, која исто така заработи повеќе од една милијарда долари.
По огромниот успех на последното издание на „Аватар“, вкупната заработка на филмовите во кои учествувала достигна 15,47 милијарди долари, со што таа го зазеде првото место на листата на „The Numbers“.
Веднаш зад неа е Скарлет Јохансон со заработка од 15,40 милијарди долари, потоа следуваат Самјуел Л. Џексон (14,61 милијарди), Роберт Дауни Помладиот (14,31), Крис Прат (14,12), Том Круз (12,66), Крис Хемсворт (12,18), Крис Еванс (11,48) и Двејн Џонсон (11,46 милијарди долари).
Изминатата година беше исклучително успешна за Салдања. Во март таа го освои Оскарот за најдобра споредна актерка за филмот „Emilia Perez“.
Неверојатен успех
Филмот „Avatar: Fire and Ash“ ја надмина границата од една милијарда долари заработка во кината.
Исто така, мјузиклот на режисерот Жак Одијар ѝ донесе награди на Филмскиот фестивал во Кан, по што освои и низа престижни признанија, меѓу кои SAG, BAFTA, Златен глобус и Critics’ Choice Award.
Се очекува Зои Салдања да се појави и во четвртиот и петтиот дел од „Аватар“.
ВИДЕО | Зошто Би-би-си цензурираше дел од говорот на Зои Салдана на БАФТА?


