По три брака, атрактивната холивудска актерка има нова љубов
Веќе неколку месеци американските медиуми се обидуваат да дојдат до информации за новиот партнер на атрактивната холивудска актерка и поранешна Бонд девојка Хали Бери, а сега во потрагата им помогна таа сама, како и нејзиниот нов партнер, музичарот Ван Хант.
Препорачано
Уште од месец јули една од најубавите холивудски актерки провоцира со загонетки на својот Инстаграм профил, а вчера на истиот профи таа објави своја фотографија на која позира во маичка на која пишува Ван Хант, заедно со низа емотикони од срциња и напиша „Сега знаете се“.

За време на летото таа провоцираше со неколку фотографии на Инстаграм, на првата на 19 јули напиша „Недела е ден за забава“ а покрај неа го сокри машкиот лик, а на втората на 16 август од креветот порача „Будење во Вегас!“ исто покрај машки партнер со кој ги вкрсти стаплата, а тој не можеше да се види целосно на сликата.

Потоа, фотографија на која Хали нежно го бакнува во образ објави и 50-годишниот добитник на Греми наградата Ван Хант, пејач и текстописец кој издаде пет албуми, но и онаа на која актерката позира во маица со неговото име.

Хали Бери зад себе има три брака од кои има две деца.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


