По смртта на Тејлор Хокинс: „Фу фајтерс“ го претстави новиот тапанар

„Фу фајтерс“ со претходниот тапанар, Тејлор Хокинс / Фото: Инстаграм/„Фу фајтерс“

За време на неделниот лајфстрим „Preparing Music for Concerts“, членовите на „Фу фајтерс“ го претставија името на новиот тапанар на музичката група. Имено, во рамки на претстојната концертна турнеја на овој рок состав, со нив ќе настапува тапанарот Џон Фрис. Тој доаѓа во „Фу фајтерс“ како замена за Тејлор Хокинс, кој почина во март минатата година.

Покрај тоа што е долгогодишен пријател на фронтменот Дејв Грол, Фрис има одлична репутација во музичките кругови и важи за еден од најбараните тапанари. Педесетгодишниот музичар е член на групата „Диво“ од 1996 година, а во групата „Вандалс“ членува уште од 1989 година. Фрис свирел на повеќе концерти турнеи, на групи како „Ганс ен роузес“, „Најн инч нејлс“, „Парамор“ итн.

Џон Фрис / Фото: Инстаграм/Џон Фрис

Низ годините, тој снимил повеќе од 300 песни, од сите жанрови – од поп до кантри музика. Бил соавтор на песни на „Квинс од стоун ејџ“, „Диво“ и Стинг, а свирел и за Кети Пери, Мајкл Бубле, Нели Фуртадо, Кели Кларксон, Аврил Лавињ итн.

Фрис беше меѓу главните тапанари кои настапуваа со „Фу фајтерс“ на концертите во чест на Тејлор Хокинс, па затоа и не е големо изненадување што токму тој ќе го замени покојниот тапанар.

Тејлор Хокинс / Фото: Инстаграм/„Фу фајтерс“

Исто така, за време на лајфстримот, „Фу фајтерс“ отсвирија неколку песни од претстојниот студиски албум на групата – „But Here We Are“.

Албумот излегува на 2 јуни и е посветен на Тејлор Хокинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот