По посетата на Македонија, Палмер утре ќе престојува во Приштина

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Спрецијалниот пратеник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) за Западен Балкан, Метју Палмер, утре (петок, 1 ноември) ќе престојува во Приштина, каде што ќе има обраќање пред студенти и претставници на оргнизациите на граѓанското општество, објави Амбасадата на САД во Косово.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, засега нема информации дали освен со студентите и невладините активисти, на кои ќе им се обрати во Националната библиотека, Палмер ќе се сретне и со државни и политички лидери на Косово.

„Заменик-помошникот државен секретар на САД, воедно специјален пратеник на државниот секретар за Западен Балкан, Метју Палмер ќе се обрати на публика составена од студенти и претставници на граѓанското општество. По обраќањето, тој ќе одговара на прашања од таа публика. Настанот е закажан за во 15 часот, в петок“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Приштина.

Американскиот дипломат ќе престојува во Косово по еднодневната официјална посета на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот