По пауза од 30 месеци Дел Потро се враќа на терените

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро се враќа на терените по пауза од две ипол години.
Дел Потро ќе настапи на турнирите во Буено Аирес и Рио де Жанеиро, потврдија организаторите на овие два турнири.
Аргентинецот доби специјална покана за турнирот во Буенос Аирес кој е од серијата 250 и ќе се игра од 7 до 13 февруари. Турнирот во Бразил е од серијата АТП 500 и на програмата е од 14 до 20 февруари.
Дел Потро последниот меч го одигра во јуни 2019 година на турнирот во Квинс, Лондон, а оттогаш имаше големи проблеми со коленото кое го оперираше дури четири пати.
Аргентинецот моментно се наоѓа на 757 место на АТП ранг-листата, а во кариерата има освоено 22 титули, од кои најважна е таа од УС Опен 2009 година, и е еден од најпопуларните тенисери.