твитер

По Гарај, уште четворица позитивни на коронавирус во Валенсија

Шпанскиот прволигаш Валенсија соопшти дека денеска дури пет члена на тимот се заразени со коронавирусот.

Откако сабајлево беше откриено дека Езекиел Гарај е позитивен на коронавирус, неколку часа подоцна клубот соопшти дека уште четворица фудбалери се заболени од коронавирус.

Шпанските медиуми ги открија имињата на уште двајца фудбалери, Елаким Мангала и Хозе Гаја, а останатите двајца се или членони на тренерскиот тим или вработени во клубот.

„Клубот има комплетна доверба во здравствениот систем, ќе ги почитува сите препораки на Министерството за здравство на Шпанија и сите кои покажуваат знаци на заболување од коронавирусот или биле во близок контакт со нив, се испратени во изолација. Уверени сме дека солидарноста, одговорноста и натчовечките напори ќе помогнат да се надмине пандемијата“, стои во соопштението на Валенсија.

Екипата на Валенсија последниот натпревар го одигра во вторникот против Аталанта во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите и тоа без присуство на гледачи. На тој натпревар, сите 90 минути ги одигра Гаја, додека Мангала поради повреда не настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот