твитер

МАЛЕР: Пред месец дена заработи повреда на лигаментите, а денеска е позитивен на коронавирус

Фудбалерот на Валенсија, Езекиел Гарај, денеска соопшти дека е позитивен на коронавирус со што стана првиот заразен фудбалер во шпанската Ла Лига. Аргентинецот на својот Инстаграм профил објави дека се чувствува добро.

„Очигледно е дека 2020 година не започна најдобро за мене. Позитивен сум на коронавирус, се чувствувам добро и сега е потребно да останам во изолација“, порача Гарај.

Аргентинскиот репрезентативец слободно може да се каже дека е најмалерозниот фудбалер годинава, тој на почетокот заработи повреда на вкрстените лигаменти поради кои ќе паузира до почетокот на идната година.

Сезоната во Ла Лига е суспендирана до почетокот на април поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот