По четиридневните обиди извлечено е телото од бездната во Неготино

Полиција/ Фото МВР

Во заедничка спасувачка акција на ОВР Неготино, САЕ Тигар и двајца алпинисти од Алпинистичко друштво „Скала“ од Струмица, вчера по четири дена е извлечено телото од бездната во близина на Неготино, кое на 27 март беше забележано од случаен минувач.

Информацијата ја потврдја од СВР Велес и соопштија дека телото е предадено на обдукција.

Акцијата се одвивала многу тешко, поради длабоката бездна. Како што претходно пишуваше „Фокус“, нема податоци дали се работи за маж или жена и колку долго се наоѓало во бездната.

Стручни екипи три дена не можат да извлечат човечки труп од бездна во близина на Неготино

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот