По богатата празнична трпеза време е за полесна храна: Овие намирници го чистат телото од маснотии!

трпеза
Фото: Pexels

Празниците се време на уживање во „тешка“ и мрсна храна. Изминативе денови на трпезите доминира калорична храна – месо, најразлични деликатеси, слатки, но и поголеми количини алкохол од вообичаеното.

Сето тоа за многумина значи и внесување на големи количини на храна, а за да се реши проблемот со наталожените масти во организмот, потребно е менито да се збогати со намирници кои ќе ги неутрализираат истите.

Нутриционистите тврдат дека овие намирници се од голема помош за неутрализирање на мастите од телото.

Цвекло

цвекло

Овој зеленчук главно се поврзува со лекување на анемија, бидејќи содржи големо количество железо. Сепак, цвеклото е одличен сојузник за чистење на телото од маснотии, бидејќи има силно антиоксидативно дејство. Состојката во цвеклото е бетаинот, кој е особено добар за здравјето на црниот дроб. Цвеклото го регулира и дигестивниот систем, а нутриционистите препорачуваат да се јаде свежо. Направете салата од цвекло, изрендете свеж морков, кој ќе го зачините со лимон и маслиново масло. Подеднакво делотворен е и сокот од цвекло, кој можете да го направите во соковник.

Лук

лук

Оваа надалеку позната храна, поради своите лековити својства, е од голема помош за чистење на телото од масните наслаги после богат празничен оброк. Покрај тоа што е познат како природен антибиотик поради неговите антибактериски својства, има антиинфламаторно дејство, содржи активни хемиски соединенија, вклучително и антиоксиданси кои го намалуваат оптоварувањето на човечките клетки.

Брокула

брокула
 

Нутриционистите препорачуваат брокулата да биде вклучена во менито по празниците. Овој зелен зеленчук е богат со корисни хранливи материи со антиоксидативно дејство. Брокулата е нискокалорична храна богата со витамини Ц, А и Б6, како и со железо, калциум и магнезиум. Некои истражувања покажаа дека брокулата го спречува таложењето на масти во црниот дроб.

Зелка

зелка

Свежата зелка е познат извор на витамин Ц, но се смета и за многу ценета диетална храна. Богата е и со витамин Е, бета-каротен, магнезиум и железо. Се смета за храна која го поттикнува варењето и го чисти црниот дроб од токсини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот