ПМФЛ: Шкендија славеше со пресврт во Прилеп, мируваа мрежите на Шкупи и Силекс

фото: facebook.com/fcshkendija

Се одиграа преостанатите три натпревари од деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија со пресврт на гостувањето кај Победа со 1:3.

Прилепчани поведоа во 12 минута со голот на Србинот Ѓурковиќ, но и покрај ваквата негатива играчите на Артим Шаќири направија целосен пресврт. Најпрвин непосредно пред паузата израмни Дориев во 45 минута, па за 1:2 се погрижи косовскиот интернационалец Шала (53`).

Конечниот епилог го постави Дориев со својот втор гол на мечот (90+2`) за четврта победа сезонава за тетовските „црвено-црни“.

Мируваа мрежите на дуелот Шкупи – Силекс (0:0) а Тиквеш со погодоците на Темелков (25`) и Мишов (82`) беше подобар од Скопје.

На табелата води Струга Трим Лум со 25 бодови, пред Силекс и Шкендија кои имаат по 15, а на четвртата позиција е Тиквеш со 13.

ВИДЕО | Илиевски одлично започна во Работнички: Три бода за „дебармаалци“ во Штип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот