ВИДЕО | Илиевски одлично започна во Работнички: Три бода за „дебармаалци“ во Штип

Фото: ФК Брегалница

Во вториот натпревар од денешната програма во македонската Прва Лига Работнички кој во изманиот период имаше промени во стручниот штаб од Штип се враќа со три бода.

За новиот стратег Милан Илиевски ова беше прв натпревар на клупата. Колото ќе потсетиме беше отворено со ремито на Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум. 

На гости кај Брегалница, „дебарамаалци“ славеа победа со 1:3. Натпреварот беше отворен после 26. минута кога мрежата на домаќинот oд пенал ја погоди Велкоски. Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме.

Брегалница не се предаваше, а со таква игра во 63. минута стигнаа до изедначување со голот на Гокиќ, треба да се спомене дека само четири минути претходно Алтипармаковски не реализираше пенал.

Меѓутоа не требаше многу за Работнички да ја врати предноста, тоа се случи на 15-тина минути до крајот преку Рушевиќ. Конечните 1:3 ги постави во 89 минута Велкоски со својот втор гол.

За Работнички ова беше прва победа после ремито и поразот во претходните две кола со што ја прескокна Македонија Ѓорче Петров на табелата и со 10 бода сега се на седмата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот