ВИДЕО | Струга запрена во Ѓорче, „џокерот“ на Бајрами донесе бод за „лавовите“
Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига беше отворено со натпреварот во Ѓорче помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум.
Препорачано
Првото полувреме не донесе скоро никакви возбудувања се играше без многу шанси на двете страни. Во вториот дел видовме многу поголеми возбудувања. Се започна во 62. минута кога Шабани и донесе предност на Струга.
Домаќините како да чекаа да останат со играч помалку па да започнат да играат подобро. Во 74. минута исклучен беше Лемос. По овој црвен картон Македонија тргна на се или ништо, па создадоа неколку одлични прилики пред противничкиот гол.
По една таква прилика добија и пенал, меѓута Ермедин Адем не го реализираше, тоа беше првиот пенал кој сезонава го доби Македонија Ѓорче Петров. До бод „лавовите“ стигнаа со „џокерот“ од клупата Филип Алексовски кој погоди во 86. минута.
За Струга ова беше прв натпревар во кој не освои цел плен после стартните осум победи, но и понатаму ќе остане лидер на табелата со 25 бодови. Македонија Ѓорче Петров од друга страна нема старт на сезоната како што се очекуваше, па после осум одиграни натпревари има само девет бода.


