Протест на вработените од ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ / Фото: „Слободен печат“ - Слободан Ѓуриќ

Плата нема, скопските комуналци пак ќе штрајкуваат

Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ попладнево соопшти дека протестите ќе продолжат и следните денови затоа што не им е исплатена септемвриската плата иако така им било ветено на денешниот состанок со директорот на претпријатието.

„Платата за септември сè уште не е исплатена на вработените во Ј.П. „Паркови и зеленило – Скопје“. Ова претставува продолжување на серијата доцнења и игнорирање на основните работнички права, вклучително и неисплатени плати за претходни месеци, јубилејни награди, бонус плати, К-15 и здравствено осигурување. Протестите продолжуваат и во наредните денови, сè додека не биде исполнета барем една од поставените цели. Работниците нема да отстапат од своите барања, а синдикатот останува доследен во борбата за достоинствена исплата и правичен третман“, велат од Синдикатот.

Синдикалците денеска имаа состанок со директорот на претпријатието, на кој, како што изјави претседателот на Синдикатот Горан Ристески, им било посочено дека се очекува во текот на денот да бидат префрлени пари на сметка на претпријатието и дека ќе биде исплатена септемвриската плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот