ВИДЕО | Планинска пита со фета сирење: Се прави по старински рецепт
Питата е едно од најомилените јадења во Македонија. Нема ништо повкусно од топла, ароматична, сочна пита. Речиси секоја домаќинка си има свој рецепт за некоја превкусна пита, а денеска ви носиме рецепт за планинска пита со фета сирење, која ќе ве освои уште на првиот залак.
Препорачано
Состојки:
– 400 грама фета сирење
– 4 јајца
– 80 мл масло
– 400 мл јогурт
– 1 лажица брашно
– 10 грама прашок за печиво
– 500 грама кори за пита
За преливот:
– 2 јајца
– 200 мл млеко
– 100 грама путер
Подготовка:
Издробете го сирењето, а во друг сад изматете ги јајцата со масло и јогурт, па додајте ги брашното и прашокот за печиво, кои претходно сте ги соединиле. Сето тоа добро измешајте го.
Во смесата додајте го искршеното фета сирење и повторно добро измешајте. Тепсијата за печење со дијаметар од 30 см добро намачкајте ја со масло, па на дното ставете 2 кори. Сипете малку фил, па одозгора ставете една кора. Редете додека не го потрошите целиот материјал што сте го соединиле, а последниот ред треба да биде кора.
Питата исечкајте ја на коцки, па прелијте ја со растопениот путер, а потоа и јајцата што сте ги изматиле со млекото. Печете на 200 степени околу еден час и ќе имате вкусен појадок.


