Плаќаме гас за 60% поскап од оној на светските берзи, Ковачевски вели: Се штитиме од нагло поскапување

Фото: ЕСМ

Цената на гасот на светските берзи во моментов е драстично повисока од фиксната што државава се договори да ѝ ја плаќа на бугарската компанија „Балкан јутилитис“ во февруари.

Првиот човек на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, денеска во одговор на новинарски прашања призна дека во моментов цената на гасот на берзата е пониска од онаа на „Балкан Јутилитис“ која Владата ја избра да ја снабдува земјава со природен гас, откако досегашниот добавувач, „Макпетрол“, се откажа од увозот на овој енергенс пред Нова година.

Берзанската цена сега се движи околу 60 евра за мегават-час и опаѓа, додека, според договорот со бугарската фирма за февруари, потпишан пред некоклу дена, Македонија ќе плаќа 98 евра за мегават-час, што е за над 60% поскапо.

Ковачевски вели дека берзите се непредвидливи, односно како што цената паѓа, така може брзо и да порасне, а кога тоа ќе се случело, нашите граѓани ќе биле заштитени. Тој тврди дека во наредниот период ќе се направи анализа за набавка на енергенси, која треба да даде јасна слика дали државата платила повеќе или помалку.

„Во моментот, да, се согласувам дека е пониска цената на берзата и има тенденција на паѓање, но да не заборавиме дека на берзите се случуваат преку ноќ енормни скокови на цената на природен гас. Ние тука сме заштитени, како државна компанија, не можеме да останеме отворени на пазарот и цената која ја плаќаат граѓаните во услови на криза некогаш да ја плаќаат енормно повисоко од тоа што треба,“ изјави директорот на ЕСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот