Пит Дејвидсон / Фото: BFA.com / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Пит Дејвидсон потрошил 200.000 долари за отстранување на тетоважите, а сега направи нова

Американскиот комичар Пит Дејвидсон, повторно го привлече вниманието на јавноста на „Комикон“ во Лас Вегас, одржан на 15 април, тој беше фотографиран со нова тетоважа на која го пишува името на неговата ќерка Скоти.

Тој најпрво ги објави плановите за постепено отстранување на неговите тетоважи во 2021 година, проценувајќи во тоа време дека целиот процес ќе биде завршен до неговата 30-та година. Според извештаите, Дејвидсон досега потрошил приближно 200.000 долари на процедури за отстранување тетоважи.

Иако 32-годишниот комичар го започна процесот на отстранување на своите 200 тетоважи, сепак одлучи да додаде уште една. Тетоважата, која го носи името на неговата ќерка Скоти Роуз, која ја има со девојката Елси Хјуит, е до неговото уво. Неговите раце, кои претходно беа покриени со бројни тетоважи, сега се речиси целосно чисти.

Името Скоти не е само одраз на неговата љубов кон неговата ќерка, туку и длабока емотивна врска со неговиот покоен татко Скот Метју Дејвидсон, пожарникар од Њујорк кој загина за време на нападите на 11 септември 2001 година.

Дејвидсон и Хјуит станаа родители кон крајот на 2025 година, кога ја пречекаа својата ќерка. Тие ја објавија веста на 18 декември на социјалните мрежи, споделувајќи серија фотографии со нивното новородено девојче.

ФОТО | Холивудскиот заводник Пит Дејвидсон и манекенката Елси Хјуит станаа родители, добија ќерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот