Пит Дејвидсон и Елси Хјуит - Фото: Инстаграм

ФОТО | Холивудскиот заводник Пит Дејвидсон и манекенката Елси Хјуит станаа родители, добија ќерка

Американскиот комичар Пит Дејвидсон и неговата партнерка, манекенката Елси Хјуит, ја споделија радосната вест на социјалните мрежи, откривајќи дека добиле девојче. Хјуит објави фотографии на кои заедно со Дејвидсон ја држат својата новородена ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elsie (@elsie)

„Нашето совршено ангелче се роди на 12 декември 2025 година“, напиша таа.

Таа исто така откри дека ќерката го добила името Скоти Роуз Хјуит Дејвидсон, во чест на таткото на Дејвидсон – пожарникарот Скот, кој го загуби животот за време на терористичките напади на 11 септември 2001 година.
„Ова е моето најголемо животно достигнување. Преплавена сум со љубов, благодарност и неверување“, додаде Хјуит.

Веста за нивната љубовна врска почна да се шири во март оваа година, а набргу потоа тие и официјално ја потврдија. Првпат беа забележани заедно на одмор во Палм Бич. Два месеца подоцна, извори блиски до парот открија дека започнале заеднички живот.

Дејвидсон уште во 2022 година, во емисијата „Од срце до срце“, изјави дека неговата најголема желба е да стане татко.

Комичарот често е нарекуван најголем заводник во Холивуд, поради неговите бројни врски со познати жени. Меѓу нив се Ким Кардашијан, Кејт Бекинсејл, Аријана Гранде, Каја Гербер и Емили Ратајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот