Тонино Пицула / фото: EPA-EFE

Пицула со жестока оценка за изборите во Србија: Владата примени притисок и насилство

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, хрватскиот европратеник Тонино Пицула, денеска оцени дека Владата во Србија вршела злоупотреби, насилство и притисок врз граѓаните, активистите и новинарите за време на локалните избори одржани вчера, објавија српските медиуми.

Пицула во објава на „Икс“ вели дека во демократијата нема неважни избори и важно е ниту едни избори да не бидат компромитирани од злоупотреби, насилство и притисок врз граѓаните, активистите и новинарите.

„Сето ова, по којзнае кој пат, повторно го практикуваше Владата на локалните избори одржани во Србија“, напиша тој.

Државната секретарка во Министерството за надворешни работи на Србија, Невена Јовановиќ, го обвини известувачот на Европскиот парламент дека се однесува исплашено и политички мотивирано и оцени дека тоа е во директна спротивност со неговиот мандат, кој, рече таа, треба да вклучува висок степен на објективност, непристрасност и професионална дистанца.

Порано денеска, на изборите во Србија реагираше генералниот секретар на Европската демократска партија и пратеник во Европскиот парламент, Сандро Гоци, кој ја повика Европската комисија да реагира на насилството и заплашувањето за време на локалните избори во Србија.

Тензичен изборен ден во Србија, забележени бројни инциденти, тепачки и нерегуларности

ВИДЕО | Маскирани луѓе тепаа новинари и студенти, полицијата апсеше мирни граѓани: Изборите во Србија не поминаа баш во демократска атмосфера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот