ВИДЕО | Маскирани луѓе тепаа новинари и студенти, полицијата апсеше мирни граѓани: Изборите во Србија не поминаа баш во демократска атмосфера
Набљудувачите велат дека немало инциденти на самите избирачки места во Србија, но надвор од нив се одвивале вознемирувачки сцени на насилство и притисок. Во речиси секоја од десетте локални заедници каде што се одржуваа избори, забележано е присуство на маскирани луѓе, кои на повеќе места нападнале новинари, набљудувачи, граѓани, студенти и опозициски активисти.
Вчера во Србија имаше толку многу инциденти, физичко насилство, кршење на законот и манипулации што е тешко да се зборува за регуларни избори и демократска атмосфера, пишува „Дојче веле“ (ДВ).
Препорачано
Интересно е што набљудувачите велат дека немало инциденти на самите избирачки места, но надвор од нив се одвивале вознемирувачки сцени на насилство и притисок. Во речиси секоја од десетте локални заедници каде што се одржуваа избори, забележано е присуство на маскирани луѓе, кои на повеќе места нападнале новинари, набљудувачи, граѓани, студенти и опозициски активисти.
Полицијата работела синхронизирано со паравоените единици, а ентузијазам единствено покажувала при апсење обични граѓани. Полицијата воопшто не реагирала на очигледни кршења на законот, па дури и сериозно помагала во извршувањето на одредени кривични дела.
Мониторинг мисијата на ЦРТА од таму вчерашниот ден во целина го оценува како „терор врз граѓаните“.
Srbija 2026 zemlja u kojoj policija hapsi narod a štiti maskirane kriminalce sa štanglama https://t.co/dmCrJB4hhj
— Blaza (@Sremski_Front) March 29, 2026
Власта го празнуваше насилството
Социјалните мрежи во Србија се преплавени со сцени на насилство врз граѓани од маскирани луѓе, како и нивно групирање околу избирачките места за да ги заплашат граѓаните да излезат на гласање. Снимени се и активисти на владејачката Српска напредна партија (СНС) со двојни изборни списоци, т.н. бугарски возови, купување гласови, фантомски гласачи, невообичаено голем број апликации за гласање од дома, а се наведува дека на изборите имало и гласачи од странство.
Опозициските активисти сметаат дека главните манипулации се одвиваат пред изборите, преку безбедни гласови и преку купување гласови и преку манипулации со бројот гласачи и на избирачките списоци. До кој степен атмосферата беше надвор од вообичаеното потврдува и неверојатно големото присуство на полиција во полна воена опрема по затворањето на гласачките места во 20 часот.
Манипулации од сите страни
Во некои области излезноста беше исклучително висока, што се се толкува како мотивација на неактивните гласачи, или како манипулација од страна на владејачката партија со преместување на гласачи.
Пријавување фантомски гласачи на туѓи адреси беше забележано и на претходните избори во Србија. Па така во многу средини разликата меѓу бројот на гласачи и бројот на жители е само неколку илјади.
Локалните активисти оценуваат дека е невозможно во некои области да има само неколку илјади луѓе под 18 годишна возраст. Од друга страна, пак, во други области има невообичаено голем број стогодишници. Тоа ги подгрева тврдењата дека главните манипулации се одвиваат долго пред изборите.
Тензичен изборен ден во Србија, забележени бројни инциденти, тепачки и нерегуларности
Победа со пад на поддршката
За тоа колку изборите биле регуларни сведочи и фактот што српскиот претседател Александар Вучиќ, како претседател на сите граѓани, резултатите ги објави во просториите на СНС од каде сите листи ги кажуваше по име, само листите на студентите и граѓаните ги нарече „блокадерите“. Во секој случај, пишува „Дојче веле“, СНС победи во сите десет локални самоуправи, но резултатите на неколку места беа многу тесни и означуваат пад на поддршката за владејачката партија.
Како што Александар Вучиќ во пресрет на изборите рече дека ќе биде „тажен ако не победат насекаде“, сега веројатно ќе има помалку причини за тага, но како што Гојко Божовиќ, еден од основачите на опозициската граѓанска иницијатива „ПроГлас“, истакнува за ДВ:
— Претседателот на сите граѓани треба да биде тажен поради атмосферата и насилството што се случија за време на изборниот ден. Покрај тоа, постигна послаби резултати во своите традиционални упоришта. Освен што инвестираше ресурси за локалните избори како никогаш до сега, сведочиме и на правилото дека најголемите инциденти беа забележани токму во средините во кои резултатите беа најтесни. Видовме дека власта не може да добие доверба ни на нерегуларни избори и дека мора да комбинира тотална пропаганда, големи пари, пораст на насилството и за првпат да им предложи на некои луѓе да не излезат на избори.
„Единството на опозициските сили носи резултати“
Една од поуките од овие избори за опозициските сили како целина е дека најдобрите резултати се постигнати каде што е постигнато најголемо единство, продолжува Гојко Божовиќ додавајќи дека „тоа создаде референдумска атмосфера“.
— Тоа сведочи дека луѓето во тие средини сакаат промени и дека Вучиќ сега таму мора да применува голема количина изборен инженеринг и политичко и физичко насилство за да спречи победа на студентско-граѓанските листи — вели Божовиќ за ДВ.
Случките за време на изборниот ден уште еднаш го доведоа во прашање ставот дека изборите се единствениот излез од политичката криза и дали можеби е време да се преиспита таквата позиција и дали има смисла да се учествува на толку очигледно нерегуларни избори. Тоа се вклопува во предупредувањата пред изборите, дека тие се тотално бесмислени.
— Ако има таков пад во неговите традиционални средини, може само да претпоставиме каква е состојбата и рејтингот на СНС во големите градови, кои во изминатиот период од падот на настрешницата се покажаа како центри на отпор кон режимот. Тоа значи дека владејачката партија на некои општи избори не би можела да спроведе таква насилна атмосфера и притисок. Но, прашањето е ако ви преостанува само зголемување на репресијата, колку долго може да се потпрете на таков вид зачувување на власта — вели Гојко Божовиќ.
Висока излезност на гласачите на денешните локални избори во Србија
„Полицијата како партиска војска“
Изборниот ден уште еднаш ја покажа цврстата спрега врска меѓу полицијата и криминалот и практично потврди дека полицијата во Србија е всушност сервис на владејачката партија.
Полицијата се однесуваше како заштитник на паравоените единици и не само што го кршеше законот во комуникацијата со граѓаните, се вели во текстот на ДВ, туку и ги затвораше очите пред возила без регистарски таблички, на групирањето тепачи под фантомки околу гласачките места, без никаков обид да се легитимираат, како и во однос на бројните пријави за изборни нерегуларности од страна на граѓаните и набљудувачите.
Како што истакнува Гојко Божовиќ, „полицијата е во потполност интегрирана во изборниот инженеринг„.
— Имавме многу случаи на насилство во текот на денот и цела низа напади врз новинари и никој не беше уапсен за тоа, ниту пак некој беше повикан на одговорност. Полицијата во ниту еден момент не се потруди да го направи тоа што е нивна основна работа, туку обезбедуваше мир и спокој на владејачката партија — забележува Божовиќ.
Власта глуми жртва
Вечерта,по затворањето на гласачките места, се случи нешто што се вклопуваше во образецот на однесувањето на полицијата на изборниот ден. Полицајци упаднаа во просториите на Народното движење на Србија (НДС), парламентарна партија, и бараа од насобраните луѓе да им ги предадат телефоните бидејќи биле осомничени за „кршење на правото на глас“ и наводно на гласачите преку телефон им сугерирале да не гласаат за СНС.
— А тоа, пак, се вклопува со беседата на Александар Вучиќ во просториите на СНС, каде што беше извршена целосна инверзија на вчерашните настани и Вучиќ ја обвини другата страна за насилство и притисок врз нивните гласачи. Не е необично во политичкиот живот насилните луѓе да се претставуваат како жртви. Тоа е всушност најава за методот и новиот бран репресија против политичките противници — заклучува соговорникот на ДВ.
Висока излезност на гласачите на денешните локални избори во Србија


