Локални избори во Србија/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Висока излезност на гласачите на денешните локални избори во Србија

На изборите што се одржаа денес во 10 локални самоуправи во Србија и кои минаа со многу тензија и инциденти, е забележена висока излезност на гласачите, во зависност од општина од 53 до високи речиси 78 отсто излезност.

Според податоците во Лучани  77,93 проценти од регистрираните граѓани го дале својот глас, воСевојно 76 проценти, додека Бајина Башта забележа 73 проценти излезност. Во Кула е регистрирана излезност од 71 процент , каде што се очекува да биде најнеизвесно.

Во Књажевац и Аранѓеловац, излезноста била 70 проценти, во Бор 67 проценти, а во Смедеревска Паланка 63 проценти.

Најниска излезност е забележана во Мајданпек, 62 проценти, и во Кладово, 53,6 проценти.

Тензичен изборен ден во Србија, забележени бројни инциденти, тепачки и нерегуларности

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот