Петар Андоновски: Министерството за култура нема критериуми кога ги доделува средствата за издаваштво

Петар Андоновски е млад писател, добитник на наградата „Роман на годината“ (2016) кој реагира на начинот и висината на средствата што ги доделува Министерството за култура за проекти од национален интерес. Тој на социјалните мрежи меѓу првите реагираше за доделените средства за издавачката дејност.

„Она што е најдискутабилно кога станува збор за националната програма, не само оваа година, е кои се критериумите. Проблемот е што нема критериуми, затоа што кога би ги имало – половината од книгите на кои им се доделени средства за национален интерес не би ги добиле. Навистина кај тие книги не можам да препознаам каде е националниот интерес. На пример, мене не ми е јасно како може за собрани дела од Горан Стефановски да бидат доделени 90 илјади денари, а 180 илјади денари за сосема непознат автор. Не сум против да им се доделуваат пари на нови автори, но 90 илјади за Стефановски кој е национален бренд – тоа е потценување, вели тој за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

Андоновски вели дека во оваа држава не може да се биде професионален писател.

„Кога државата ќе ви додели цели 90 илјади денари а со нив треба да биде покриено печатењето на книгата, лектура и сето она што се подразбира под подготовка за издавање на една книга, а паралелно со тоа треба да ви биде покриен и хонорар за напишана книга, тогаш е навистина невозможно да живеете со некој хонорар од педесетина илјади денари до наредната книга. Затоа сите сме принудени да работиме нешто друго, а тоа се одразува на квалитетот на нашите книги“, додава писателот Андоновски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот