Пет зачини корисни за здравјето на вашиот мозок!

Зачините имаат супермоќ. Освен што даваат вкус и друга димензија во јадењата, полни се со антиоксиданси корисни за функцијата на мозокот, намалуваат воспаленија и метаболизам.

„Кога се дел од урамнотежената исхрана, зачините допринесуваат кон здравјето“, вели диетичарката Кејт Сејв.

Клучно е да се користат често и во вистински количини.

„Може да се додадат во скоро секое јадење. Бидете креативни“, советува таа.

Пет зачини кои се посебно корисни за мозокот се ѓумбир, кардамон, куркума, цимет и каранфилче.

Ѓумбирот е преполн со стотини фитохемикалии вклучувајќи и бета-каротен, капсаицин, кофеинска киселина, куркумин и салицилате, а делува заштитно и против стрес и паѓање на функциите на мозокот. Може да се додаде во смутиња, сокови, чаеви и многу различни јадења.

Кардаманот се користи главно во индиската кујна и кујните во средноисточните земји, а е силен антиоксиданс преполн со витамини и минерали. Штити од оксидативен стрес за кој се знае дека води до деменција и воспалувања. Идеален додаток е за готвени јадења.

Куркумата содржи куркумин, антиоксиданс одговорен за жолтата боја, а е моќно сретство и во борбата против Алцхајмер. Некои истражувања покажале дека може да ја олесни болката, како и дека има позитивно влијание против артритис, варење и превенција против ракот. Додадете го во јадења со ориз или смутиња.

Циметот исто така има силни антиоксиданси кои позитивно влијаат на здравјето на мозокот. Освен што некои го додаваат во кафе, иде одлично со каша, смутиња, житарици, колачи и овошје.

Каранфилчето изненадувачки е извор на хранливи работи за зајакнување на мозокот. Содржи манган и спој наречен еугенол, кој се смета за пет пати повлијателен од витаминот Е.

Зачинетата храна на повеќе начини има ефект врз вашиот организам. Го штити срцето, зголемува животниот век и го подобрува метаболизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот