Пет нови спортови на Летните олимписки игри Лос Анџелес 2028

фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

На состанокот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) беа одобрени сите пет спортови предложени од организаторите на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година, а сега се на само еден чекор од вклучување во програмата.

На почетокот на оваа недела организаторите го скратија списокот на пет спортови – крикет, флег фудбал, лакрос, сквош и бејзбол.

Според правилата што ги воведе ИОК пред неколку години, секој град домаќин има право да вклучи неколку спортови во програмата.

– Овие пет предлози беа прифатени како пакет на состанокот на Извршниот одбор на ИОК. Го зедовме предвид фактот дека овие спортови на најдобар начин ја отсликуваат спортската традиција на нашите домаќини и дека ќе презентираат големи американски спортови на меѓународно ниво – изјави првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.

Крикетот на тој начин ќе биде вратен на олимписката програма за првпат од 1900 година, а во програмата на Игрите за првпат ќе бидат вклучени и другите спортови од списокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот