Пет нови модели ќе го спасуваат Jaguar Land Rover
Jaguar Land Rover започнува со програма за спасување, која предвидува лансирање на пет нови модели и сериозни инвестиции во надградба на производството – мерки што треба да ја направат британската компанија долгорочно профитабилна.
Од овие пет, три се сосема нови – нов модел во семејството на Defender, луксузниот SUV, Jaguar J-Pace и новиот кросовер на Range Rover. Кон нив ќе биде додаден електричен седан, кој следната година ќе го замени Jaguar XJ, а новата верзија во семејството на модели Range Rover се очекува во 2022 година, пренесува „Аutocar“.
Сите нови модели ќе бидат изградени на најновата платформа JRL – MLA, која ќе овозможи plug-in верзии и со целосен електричен погон.
Според документите на компанијата, во блиска иднина ќе бидеме сведоци на појава на целосно електричен модел на Range Rover, како и електричен Discovery, што треба да се случи пред 2025 година. Сепак, засега нема планови за електричен Defender.
Исто така до 2025 година, сите главни модели на Land Rover достапни со мотори со внатрешно согорување од Range Rover, Discovery и Defender ќе бидат достапни и во хибридни варијанти – како што е мек хибрид или plug-in верзија.
Првиот целосен нов модел на JLR, Defender, ќе биде објавен подоцна оваа година и ќе се произведува во Словачка. Истражување на пазарот од компанијата предвидува дека моделното семејство, во кое се вклучени три автомобили, има сериозен потенцијал за добри перформанси на важниот пазар за луксузни семејни теренски автомобили, кои би биле насочени кон Британците.