Пешевски од Мотор Запорожје се сели во Бундеслигата

facebook.com/zarko.pesevski

Пешевски оваа сезона настапуваше за екипите на Мотор Запорожје, а во наредната ќе направи трансфер во најсилната ракометна лига на светот.

Денска им се заблагодари на луѓето од клубот и фановите, споделувајќи неколку негови слики во дресот на Мотор со тимските колеги.

Нашиот интернационалец ќе продолжи во редовите на Штутгарт и така ќе стане четвртиот Македонец кој ќе игра во Бундеслигата, после Филип Миркуловски, Филип Талески и Филип Кузмановски, а овој последниот од Еурофарм Работник летово ќе се пресели во Магдебург.

Пешевски воедно наредниот месец ќе им се врати најпрвин на репрезентативните обврски за последните два натпревари во квалификациите за ЕП против Турција на гости и Грција во Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот