Златко Перински мин. за локална самоуправа / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Перински: Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Лукровски поднел оставка

Министерот за локална самоуптрава Златко Перински изјави дека не гледа ништо спорно тоа што градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, именувал свој заменик во Општина Карпош и тврди дека од општината не добил известување дека Лукровски поднел оставка од функцијата.

На седницата за пратенички прашања, во одговор на прашање на пратеникот Митко Трајчулески, Перински рече дека во согласност со член 52 од Законот за локална самоуправа, секој градоначалник, без исклучок, има можност да именува свој заменик од редовите на Советот на таа општина.

„А во однос на она што ме прашавте дали имам добиено оставка од страна на Општина Карпош, не го сфаќам прашањето затоа што овде не станува збор за Сотир, Златко, Трајчулевски итн. Прочитајте го законот или јас ќе ви го објаснам. Градоначалникот Сотир не поднесува оставка во Министерството за локална самоуправа туку поднесува оставка во Општина Карпош, која е должна да го извести Министерството за локална самоуправа. Јас одговорно ви тврдам дека во овој момент Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски има поднесено оставка“, рече Перински.

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски на пред три денови на прес-конференција изјави дека актуелниот прв човек во Општината и негов наследник Сотир Лукровски, бил забележан во трговскиот центар „Сити мол“, иако веќе повеќе од 20 дена е на боледување и не оди на работа.

Притоа, побара Фондот за здравствено осигурување веднаш да го провери овој случај и јавно да одговори дали се откриени злоупотреби на боледувањето.

Јакимовски бара од ФЗОМ да го провери боледувањето на Лукровски: Болен е за на работа, но не и за шопинг

Претходно, на оваа тема, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски одговорајќи на новинарско прашање за боледувањето на Лукровски, изјави дека информации за боледувања може да побара исклучиво работодавачот, што во овој случај е самиот градоначалник.

Инаку, Лукровски е на боледување повеќе од 20 дена, а откако излезе информацијата дека е болен и поради тоа не е присутен во Општината, „Слободен печат“ дозна дека тој ги пренел своите овластувања на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Неделчо Крстевски, кој го назначи како заменик-градоначалник на Карпош, а одлуката беше јавно објавена на 7 мај на општинскиот Службен гласник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот