Перез: Трансферите на Халанд и Мбапе се „невозможни“ без Суперлигата!

Мбапе ја отвори душата во интервју за Радио Монте Карло/ фото: EPA-EFE/David Ramos

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не може да прежали што не успеа Суперлигата и продолжува да ги посочува негативните финансиски ефекти од ваквиот епилог.

Неуспехот на проектот „Суперлига“, барем според Перез, ја загуби и шансата Реал наскоро да ги донесе некоја од најголемите фудбалски ѕвезди, Килијан Мбапе (ПСЖ) или Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд).

– Мбапе и Халанд? Не можеме да ги донесеме без Суперлигата. Ниту ние, ниту некој друг. Без Суперлигата, не е можно финансиски да се натпреваруваме со клубови-држави – додаде шефот на „кралевите“.

Ова е јасна алузија, во прв ред, ПСЖ, зад кој практично стои државата Катар.

Богатите бегаат од УЕФА, 12 клубови се согласија да формираат Суперлига

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот