Богатите бегаат од УЕФА, 12 клубови се согласија да формираат Суперлига

Останува сега уште колку долго ќе остане како идејата за т.н. „Суперлига“/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Евроската фудбалска федерација (УЕФА) се наоѓа во големи проблеми откако денеска главната фудбалска вест ја објавија англиските медиуми.

Како што јавуваат медиумите во Англија се согласиле да формираат европска Суперлига. Според медиумите, сите најголеми англиски екипи се согласни со оваа идеја и сакаат да учествуваат во затворената европска Суперлига.

Засега е сигурно дека во Суперлигата ќе има 12 екипи и тоа шест од Англија и по три од Шпанија и Италија. Тоа се Манчестер сити,Манчестер јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Челси и Тотенхем од Англија, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона од Шпанија и италијанските Јувентус, Интер и Милан.  

Медиумите пишуваат дека овие клубови ќе поднесат предлог за создавање на затворена Суперлига, а се остава можност бројката на учесници да се зголеми. Тие се надеваат дека во „лигата на богатите“ би се прилучиле во прв ред Баерн Минхен и ПСЖ. Европските гиганти не сакаат да играат со послаби екипи, туку да играат меѓу себе во лига систем бидејќи тоа ќе им донесе многу повеќе пари од ТВ правата како и од спонзорите.

УЕФА најави остри казни за сите кои планираат да формираат нова лига, но пролемот е што клубовите имаат се поголема моќ и притоа држат голем дел од „финанскиот колач“ во европскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот