Пензионери во Германија/ Фото: Michael Gstettenbauer / imago stock&people / Profimedia

Пензиска револуција во Германија, се брише старосната граница, за пензија одлучува стажот

По пензискиот пакет доаѓа пензиската реформа. Министерката за труд на Германија Барбел Бас предупредува дека се потребни „смели“ одлуки.

-Ќе ни треба сосема нов систем- вели таа.

Германската влада со нов план, наместо фиксна возраст за пензионирање (максимум 67 години), пензиите во иднина треба да бидат поврзани со минимален број години за кои се плаќани придонеси.

– Работниот век е лост на кој мора да дејствуваме за да ја обезбедиме стабилноста на законската пензија – рече економскиот експерт Јенс Зидекум, личен советник на социјалдемократскиот министер за финансии Ларс Клингбеил.

Министерката Бас, исто така, ја изрази својата отвореност кон овој модел, во иднина возраста не треба да биде одлучувачки фактор, туку колку години лицето всушност плаќало придонеси.

-Оние што почнуваат да работат рано би можеле да се пензионираат порано, а академиците, кои подоцна ќе влезат на пазарот на трудот, би се пензионирале подоцна. Двете опции ќе ги разгледа новата Комисија за пензии, рече Бас.

До 2031 година, возраста за пензионирање ќе се зголеми на 67 години. Само оние со 45 години стаж можат да се пензионираат порано, на 65 години, без намалување.

– Должината на пензијата треба да биде во подобра пропорција со периодот во кој се плаќале придонесите – рече Мерц.

На пример, занаетчиите кои почнуваат да работат рано би можеле да бидат задоволни – бидејќи порано би достигнале 45 години стаж. Ова би ги направило квалификуваните занаети попривлечни. Економскиот експерт Вероника Грим (54, TU Nürnberg) го поддржува барањето за подолг работен век и „поврзување на возраста за пензионирање со подолг животен век“, но нагласува дека не им е потребна класна борба во пензискиот систем.

– Секој што е доволно подготвен треба да работи подолго – изјави таа за BILD.

Ова би им овозможило на оние кои се физички неспособни да работат да се пензионираат без никакви намалувања, пишува списанието Phoenix- пренесе Бизпортал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот