Фото: МИА

Партиите ги кршат копјата: Јавна или амандманска расправа за Законот за рестриктивни мерки?!

Опозицијата бара јавна расправа, власта предлага амандманска регуларна расправа во работните тела на Собранието. Законот за рестриктивни мерки ги подели политичките партии. Договор за носење на овој закон нема ниту на повидок.

Законот кој предвидува сите оние кои се на црната листа на САД да имаат забрана за вршење на јавна функција е заглавен во собраниска процедура бидејќи се уште не е закажана седница на матичната комисија за надворешна политика. Ова собраниско тело е предводено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која владејачката СДСМ повеќе пати ја повика да ја закаже седницата.

„Црните листи“ ќе се спроведат со постапување по Законот за ресриктивни мерки, рече Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда во вечерашната Топ Тема и побара одговор од Миле Лефков, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ зошто неговата партија го попречува донесувањето на измените на овој закон.

„Претседателот на комисијата е од вашата политичка партија зошто не ја закаже комисијата. Законот е по предлог на МНР, а по иницијатива на Славица Грковска ви-це премиерката за добро владеење. Закажете ја комисијата ќе имате амандманска расправа“, изјави во Топ Тема на телевизија Телма, Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда.

Лефков пак вели дека за овој закон е потребна јавна расправа. Но доколку тие настојуваат да се донесе овој закон, тогаш може претседателот на Собранието да му ја одземе надлежноста на претседателот на Комисијата, и тој да ја свика седницата.

„Повикајте го претседателот на Собранието Јован Митрески, нека му ја одземе надлежноста на претседателот на комисијата (Антонијо Милошоски) и нека ја свика комисијата нека ги потврди измени и нека дојдат на пленарна седница и слободно изгласајте го. Единствено предлагаме повторно да се отвори јавна расправа“, дециден беше Лефков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот