Парични казни и суспензии добија Гостивар и Пелистер за инцидентите во „Младост“

Фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарска федерација денеска донесе одлуки за синоќешните инциденти на натпреварот од Суперлигата помеѓу екипите на Гостивар и Пелистер во салата „Младост“

Во сиот хаос кој траеше скоро три и пол часа, салата во Гостивар мораше да биде испразнета откако со тврд предмет беше погоден тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски.

И двата тима се огласија преку социјалните мрежи по повод немилите настани, за КК Гостивар дојде до прекин на мечот бидејќи гостиските играчи се пресметувале физички и вербално со публика и членови на домашниот тим.

Од КК Пелистер објавија дека беа класично нападнати од сите страни, гаѓани со секаков вид на тврди предмети и во тој хаос секој се снаоѓаше како знае и умее.

Согласно членот 42.8.2, 42.8.3, 42.8.5, 42.9 и 61.2 од Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги, погледнете ги одлуките на Комесарот за натпреварување за натпреварот КК Гостивар – КК Пелистер одигран на 15.05.2022 година во Гостивар.

Фото: kfsm.mk/Принтскрин

– Поради слаба организација согласно членот 54.26, екипата на КК „ГОСТИВАР“ се казнува со парична казна од 8.000 денари.

– Поради фрлање на тврди предмети кои може да причинат повреда (запалки, метални пари, пенкала, пластични шишиња и сл.) согласно членот 55.3, екипата на КК „ГОСТИВАР“ се казнува со парична казна од 24.000 денари

– Поради фрлање на тврд предмет (пластично шише) со кој е погоден тренерот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Марјан Илиевски, согласно членот 55.10, екипата на КК „ГОСТИВАР“ се казнува со парична казна од 64.000 денари и два (2) натпревари настап без публика на домашен терен.

Фото: kfsm.mk/Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот