КК Гостивар: Ретко гледаме гостински играчи физички да се пресметуваат со публика

гостивае пелистер
Немили настани на кошаркарскиот натпревар Гостивар - ПелистерФото: Принтскрин/Youtube/МАКБАСКЕТ ТВ

Во рамките од осмото коло во македонската Суперлига составот на Пелистер триумфираше над Гостивар со 89:84. Битолчани на ова незгодно гостување ги освоија бодовите кои им значат многу во битката за првата стартна позиција.

Овој дуел го одбележа голем инцидент, во текот на последната четвртина, при резултат 65:62 за Гостивар со тврд предмет беше погоден од тренерот на КК Пелистер, Марјан Илиевски, по што настана голема мешаница.

Илиевски падна на паркетот, му беше укажана лекарска помош, откако стана го исфрли бесот удирајќи ја заштитната ограда за клупата за резерви. Веднаш реагираше полицијата која го изнесе тренерот Илиевски од теренот.

Од кошаркарскиот клуб Гостивар во своето соопштение информира дека гостинските играчи на Пелистер се пресметувале физички со публиката и членови на домашниот тим.

– Клубот КК Гостивар ги осудува вчерашните настани кои немаат допирна точка со спортот и кошарката, на многу натпревари имало и ќе има спортско и неспортско навивање од страна на публиката, но ретко имало случај каде гостинските играчи се пресметувале физички и вербално со публика и членови на домашниот тим.

Сите тие настани доведоа до тоа да се прекине натпреварот при водство на нашиот тим. Благодарение на брзата и професионална интервенција на полицијата се спречи инцидент од поголеми размери.

Оставаме на Федерација да ја реши ситуацијата во интерес на спортот и со тоа се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани – стои во соопштението на КК Гостивар.

Целата ситуација можете да ја погледнете на 01:59.45 ч. од видео записот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот