Суперлига: Пелистер ја запре победничката серија на Гостивар

пелистер гостивар
Значајна победа за битолски Пелистер во македонскиот кошаркарски шампионат/Фото: КФСМ

Кошаркарите на Пелистер одиграа подобро во последните шест минути за победа на тешкото гостување во Гостивар (89:84) во рамките од осмото коло во македонската Суперлига.

Битолчани ги освоија бодовите кои им значат многу во битката за првата стартна позиција, за гостиварци дојде крајот на серијата на победи (три во низа) која ги донесе на високото трето место кое го делат со Еуро Никел 2005.

За Пелистер доминираше Малешевиќ со 20 поени, седум скока и осум асистенции, следен од Младеновиќ кој запиша 16 поени (седум асистенци), а 15 коша беа дело на Кесар. Кај Гостивар по 17 поени забележаа Силаѓи и Јанески.

Еуро Никел 2005 во неизвесна завршница триумфираше над ТФТ со 75:73. Прв стрелец за кавадарчани беше Самарџиски со 15 поени, а во поразената екипа недоволни беа 25 поени на Костоски (шест асистенции).

СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

ТФТ – Еуро Никел 2005 73:75

Гостивар – Пелистер 84:89

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 92:68

TAБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26-4, Пелистер 25-5, Гостивар 17-13, Еуро Никел 2005 17-13, ТФТ 16-14, Феникс 2010 14-16.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот