ВИДЕО | Памела Андерсон се чувствувала „гадно“ во близина на Сет Роген на Златните глобуси: Откри зошто ја напуштила церемонијата
Памела Андерсон призна дека се чувствувала „гадно“ затоа што била во близина на Сет Роген, продуцент на серијата „Pam & Tommy“, а ова го изјави за време на интервјуто со Енди Коен на „SiriusXM“, речиси четири години подоцна. Серијата го прикажа скандалот и интимната снимка на Андерсон и нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли од 90-тите, што за неа било болно искуство, пренесува „ТМЗ“.
Препорачано
Зборувајќи за нивната средба на доделувањето на Златните глобуси, Андерсон објасни дека намерно го избегнала токму поради серијата.
„Тој беше во публиката на Златните глобуси, бевме многу блиску. Помислив зарем сум невидлива? Се чувствував навистина чудно. Како некој може да направи ТВ-серија од твоите најтешки животни моменти? Тоа ми е навистина одвратно“, изјави таа.
Андерсон потврди дека ја напуштила церемонијата веднаш откако заедно со Мајли Сајрус прогласила победник во една од категориите.
„Веднаш си отидов и легнав да спијам. Се чувствував непријатно“, додаде таа.
Таа тврди дека Роген никогаш не ја контактирал во врска со серијата, но сè уште се надева дека тоа ќе се случи.
„Можеби еден ден ќе ме контактира и ќе ми се извини. Јавните личности не треба да го изгубат правото на приватност, особено во најтешките моменти од животот. Не се жалам има и многу полоши работи што се случуваат“, порача Андерсон.


