Памела Андерсон,Лиам Нисон - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Памела Андерсон го прекина молчењето за „интимната“ врска со Лиам Нисон: „Го обожавам, но подобро е да бидеме пријатели“

Памела Андерсон откри дека е подготвена да проговори за крајот на врската со Лиам Нисон. Како што истакна, таа и Лиам биле во врска краток период, пишува „Пипл“.

„Ако баш мора да знаете, бевме заедно, но дури по завршувањето на снимањето. Поминавме „интимна недела“ во неговиот дом. Имав своја соба. Дојдоа и нашите асистенти, а дури и семејството пристигна“, изјавила Андерсон.

Исто така, Памела објаснила дека отишле на вечера во мал француски ресторан, каде што Лиам ја претставил како „идната госпоѓа Нисон“. Тие поминале време во неговата градина, каде што таа се грижела за розите.

„Бев среќна што можев да помогнам, а тој тоа го ценеше. Потоа, тргнавме секој по својот пат за да работиме на други филмови“, додала актерката.

Парот повторно се поврзал во текот на летото, кога била промоцијата на филмот „The Naked Gun“.

„Се забавувавме. Нашата врска беше малку како филм на Ненси Мајерс. Секогаш се смеев кога луѓето мислеа дека е ова маркетиншки трик. Ова е вистинско, имаме вистински чувства. Го обожавам Лиам, но искрено сме подобри како пријатели“, изјавила таа.

Чувствува поврзаност

Памела Андерсон истакнала дека размислува да го промени презимето, си дека ака да се врати на финските корени.

Андерсон и Нисон последен пат се виделе во август, кога тој ја изненадил на театарскиот фестивал во Вилијамстаун, каде што настапувала во претстава.

„Тој ми дава голема поддршка во кариерата и секогаш ми вели дека е многу горд на мене. Сигурна сум дека секогаш ќе биде дел од мојот живот“, изјавила Андерсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот