Пакјао го потврди боксерскиот меч против Мекгрегор

Фото: twitter.com/MMAFighting

Мани Пакјао (41) го потврди боксерскиот меч со Конор Мекгрегор откако Ирецот синоќа на „Твитер“ објави дека Филипинецот ќе му биде наредниот противник.

Пакјао, кој моментно е еден од 24 сенатори во Филипини, преку својата канцеларија објави дека борбата ќе се одржи следната година на Блискиот исток.

– Во име на сите филипински жртви на ковид-19, сенаторот Мани Пакјао следната година ќе се бори против суперѕвездата на УФЦ, Конор Мекгрегор – рече помошникот на Пакјао, Џејк Џосон, кој додаде дека двете страни разговараат.

Мекгрегор кој подобро го знае јавноста од борбите во УФЦ, истакна дека за него ќе биде вистинска чест да се бори со еден од најголемите боксери во модерната ера.

И пред три години Мекгрегор беше дел од боксерскиот ринг во борба против Флојд Мејведер и загуби, но и двајцата заработија огромни приходи од шоуто во Лас Вегас.

Пакјао последен пат боксуваше во јули минатата година кога го победи Кит Турман во Лас Вегас, додека на почетокот од оваа година, 32-годишниот Мекгрегор триумфираше против Доналд Сероне на „УФЦ 246“ и објави дека ја завршува својата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот